Утрински Весник
Спорт

Мексико за едно полувреме ја растури Франција

Мексико за едно полувреме ја растури Франција

Мексико со 4:1 ја декласира Франција во А-групата на Олимписките игри во Токио. Мексиканците головите ги постигнаа во второто полувреме.

Кога првото полувреме заврши без голови, на почетокот од вториот дел Алексис Вега го постигна првиот гол за Мексико. Девет минути подоцна Себастијан Кородоба погоди за 2:0.

Франција успеа да намали преку Андре-Пјер Жињак во 69. минута. Напаѓачот, кој долго време игра во Мексико, постигна гол од пенал.

Во последните десет минути Мексиканците постигнаа уште два гола, во 80. минута преку Уриел Антуна и во 90. минута преку Едуардо Агире.

Во А-групата, покрај Мексико и Франција, се наоѓаат Јапонија и Јужна Африка.

> Мексико за едно полувреме ја растури Франција <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина