Утрински Весник
Македонија

Младо момче загина кога со возилото падна во Вардар

Младо момче загина кога со возилото падна во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар.

Возилото е сопственост на фирма од Куманово.

Момчето од селото Сопот, Кавадаречко, вршело ископ во водите на Вардар, во атар на с.Црвени Брегови.

„При падот на возилото во реката, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Мицкоски: Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, приведени две лица

На Груби ќе му се укине куќниот притвор, ако нема обвинение