Утрински Весник
Свет

„Има таков народ“ почнува преговори за бугарската влада

„Има таков народ“ почнува преговори за бугарската влада

Најголемата парламентарна партија во Бугарија „Има таков народ (ИТН)“ на Слави Трифонов ги почнува преговорите и консултациите за формирање на влада. Разговорите ќе се одржат во петок, сабота и недела.

Денес, ИТН ќе испрати покана до сите парламентарни партии, но без ГЕРБ на Бојко Борисов, за формирање кабинет.

Состаноците ќе се одржат викендов во зградата на парламентот и ќе бидат јавни.

Можете да прочитате

Москва ѝ се закани на Велика Британија 

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години

Брод погоден со проектил на излез од Ормуската Теснина, повредени членови на екипажот