Утрински Весник
Македонија

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и голема главоболка

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и голема главоболка
Dik 300x250 mk

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба.

Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира. Поради сериозноста на состојбата викната била брза помош, констатиран бил зголемен крвен притисок и на Камчев му била дадена соодветна, моментална терапија.

Сепак, утрово Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош бил пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим и по стабилизирање на состојбата на Камчев тој е вратен во затворот каде што ја издржува мерката притвор.

„Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на г-динот Јордан Камчев, која што очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, г-динот Камчев од својата 15та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје“, велат неговите адвокати.

Тие нагласуваат дека сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот.

Можете да прочитате

Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис

Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир – тепањето било снимено и со мобилен

Исчезната скопјанка со здравствен проблем, пронајдена и вратена дома