Утрински Весник
Свет

Орбан цврсто го брани анти-ЛГБТ законот во Унгарија и најави референдум

Орбан цврсто го брани анти-ЛГБТ законот во Унгарија и најави референдум
Dik 300x250 mk

Унгарските власти денеска најавија референдум за, како што посочија, прашањата поврзани со заштитата на децата, со цел да се спротивстават на притисокот од ЕУ во врска со новиот закон на Орбан, кој според официјален Брисел, ги дискриминира ЛГБТ-луѓето.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини ЕУ за злоупотреба на нејзината моќ во обид да го оспори неговиот нов закон, со кој се забранува приложување на ЛГБТ тематики на лица под 18 години.

„Иднината на нашите деца е во прашање, затоа не смееме да попуштиме пред ова“, рече Орбан во видео објавено на „Фејсбук“.

Унгарскиот премиер, кој е на власт од 2010 година и се соочува со избори во април следната година, се претставува како борец за одбрана на традиционалните христијански вредности од западниот либерализам.

Неговиот закон, кој критичарите го оценија како дискриминирачки за припадниците на ЛГБТ заедницата, а стапи на сила овој месец, забранува содржина што промовира хомосексуалност и трансродност во училиштата. Законот ја вознемири целата ЛГБТ заедница, а дојде осуда и од страна на Европската комисија и ЕУ од каде најавија можни ограничувања при распределбата на финансиите за Унгарија.

Орбан не кажа кога планира да го одржи референдумот, но најави дека тој ќе содржи пет прашања.

Така, граѓаните ќе бидат прашани дали поддржуваат одржување на работилници за сексуална ориентација во училиштата без нивна согласност и дали сметаат дека содржина поврзана со постапките за промена на полот треба да се промовира кај децата.

Референдумот ќе вклучува и прашање дали содржина што може да влијае на сексуалната ориентација на децата може да биде прикажана без никакви ограничувања и дали процедурите за промена на полот треба да бидат достапни за децата.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени