Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ вклучува мобилни игри за претплатниците

„Нетфликс“ вклучува мобилни игри за претплатниците

Стриминг-гигантот „Нетфликс“ потврди дека ќе вклучи видео игри како дел од претплатничките пакетите без дополнителни трошоци.

Во писмото до инвеститорите, се наведува дека е во рана фаза на проширување со видео игри, а игрите за мобилните телефони најпрво ќе се додадат на платформата.

„Време е да научиме повеќе за тоа како нашите членови ги вреднуваат игрите“, соопшто компанијата во вторникот.

Но, вредноста на акциите на „Нетфликс“ падна неодамна откако стримерот ја промаши целта на претплати. Компанијата со седиште во Калифорнија претходно соопшти дека очекува да запише 3,5 милиони нови претплатници следните месеци до крајот на септември, што е помалку од 5,8 милиони колку што проценија аналитичарите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста