Утрински Весник
Свет

(Видео) Паника на плажа во Тунис, силен ветер однесе бебе на отворено море

(Видео) Паника на плажа во Тунис, силен ветер  однесе бебе на отворено море

Драма се одвиваше на плажа во Тунис, кога едно и пол годишно девојче го однесе силниот ветер на околу еден и пол километар во морето.

Семејството на детето во саботата пливало во морето пред градот Келиби во северо-источен Тунис. Откако сфатиле дека нивната осумнаесетмесечна ќерка завршила во морето, родителите ги алармирале спасувачите.

Веднаш биле ангажирани единиците за цивилна заштита, со помош на волонтери, кои пронашле дете кое изгледало вознемирено и плачело, но не било повредено.

Ова не е прв пат дете да исчезне на сличен начин на истата плажа, а властите веќе ги предупредиле посетителите да бидат внимателни во текот на сезоната. Минатиот месец, уште едно девојче беше извлечено од морето, откако лебдеше далеку кога морската струја ја повлече додека беше во вода со гума и „мускули“.

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област