Утрински Весник
Македонија

Најмногу вакцинирани има Кавадарци, а најмалку Кичево

Најмногу вакцинирани има Кавадарци, а најмалку Кичево

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 и Гевгелија со 41 процент. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3 , Тетово со 17,1 и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8 отсто.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%;

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор