Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест
Dik 300x250 mk

Посебен сообраќаен режим ќе се спроведува денеска во центарот на Скопје поради протестен марш, во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, протестот ќе почне во 18 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14:30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде улицата „11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“ и лево по улицата „Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?