Утрински Весник
Македонија

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поевтини струјата преку РЕК Битола и РЕК Осломеј

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поевтини струјата преку РЕК Битола и РЕК Осломеј

ВМРО-ДПМНЕ во прв план ја има енергетиката и здравата животна средина. Во таа насока наш приоритет ќе биде да обезбедиме поевтина струја за сите, изјави Миле Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Образложи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа на начин што ќе го продолжат животниот век на термоцентралите во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ќе обезбедат работа за истите до 2040 година.

„Со тоа ќе го зголемиме производството на струја и ќе влијаеме на намалување на нејзината цена“, рече Лефков.

Како една од целите на партијата го издвои и тоа општинските и градските власти да извршат бесплатен приклучок на гас до 50 отсто од домаќинствата за еден мандат.

„Достапноста до гасот како енергенс ќе ги исфрли тврдите и течните енергенси од употреба, како што се дрвата, мазутот и другите енергенси со кои се греат дел од домаќинствата, а кои во значителна мера влијаат на загаденоста на воздухот во зима“, рече Лефков.

Според опозициската партија, со ваква стратегија ќе се намали загаденоста на воздухот и до 50 проценти.

Можете да прочитате

Во Охрид Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност