Утрински Весник
Свет

Индија размислува да воведе политика за две деца и да стимулира стерилизација

Индија размислува да воведе политика за две деца и да стимулира стерилизација
Dik 300x250 mk

Светскиот ден на населението во Индија беше пречекан со предлог мерки за контрола на растот на населението. Новата политика за население предлага да се наградат родителите кои имаат најмногу две деца и да ги казнуваат оние со повеќе.

Мерките првично се предлагаат да се воведат во две земји – Утар Прадеш, најнаселена во Индија со повеќе од 240 милиони жители, и Асам во североисточна Индија.

Индија се очекува да ја преземе титулата најнаселена земја во светот до 2027 година. УНИЦЕФ проценува дека 25 милиони деца се раѓаат секоја година во Индија, што претставува 20% од бебињата родени ширум светот.

Најголем пораст е забележан во државата Утар Прадеш, која, доколку беше независна држава, ќе беше петта по бројот на жители во светот.

Новата политика за население предлага да се наградат родителите кои имаат најмногу две деца и да ги казнуваат оние со повеќе.

Уште подрастично, Утар Прадеш има намера да ги охрабри и мотивира паровите да се одлучат на доброволна стерилизација.

Стимулациите ќе вклучуваат голем број придобивки, како што се намалување на даноците, субвенции за купување домови и поврат на средства од сметки за електрична енергија и други комунални услуги.

Во исто време, оние со повеќе од две деца не би можеле да добиваат субвенции и ќе бидат спречени да аплицираат за работа во јавната администрација и нема да можат да се кандидираат за политички позиции, пишува „Тајмс оф Индиа“.

Можете да прочитате

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс