Утрински Весник
Магазин

Клое Кардашијан ги фалсификувала потписите на родителите за да го смени училиштето

Клое Кардашијан ги фалсификувала потписите на родителите за да го смени училиштето

Реалити-sвездата Клое Кардашијан (37) се чувствувала изолирано и осамено кога нејзините постари сестри Ким и Кoртни завршиле средно училиште, па „се запишала“ во алтернативна академска програма за која сметала дека повеќе ќе ѝ одговара.

Зборувајќи со Леоми Андерсон на нејзиниот подкаст Role Model, Клои се присети: „Одев во основно училиште ‘Монклер преп“ и навистина го сакав. Тогаш моите сестри одеа во исто средно училиште, католичко училиште за девојчиња,’Меримаунт’.

„Потоа морав да се префрлам за да бидам со нив. И кога моите сестри дипломираа, се чувствував толку сама и толку изолирана и едноставно не се поврзав.“

“Живеевме во Хиден Хилс и јас најдов едно домашно училиште, ‘Академија Александрија’. Немам идеја како го најдов, но таму се запишав. Го фалсификував името на моите родители,“ откри Клое.

Можете да прочитате

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него

Третина јапонски компании користат или размислуваат за воведување на ВИ роботи

„Балкан експлорер“ – луксузен воз што ги воодушеви Европа и Балканот