Утрински Весник
Спорт

Субашиќ: Се уште сакам да бранам, ме бараат!

Субашиќ: Се уште сакам да бранам, ме бараат!
Dik 300x250 mk

Фудбалскиот голман Даниел Субашиќ (36) – сребрениот од Мундијалот во Хрватска кој го чуваше голот на Хрватска се уште не е во „пензија“. Тој ја бруси формата на тренинзите на Задар.

„Тренирам секој ден, добро се чувствувам, се уште имам мотиви за игра и не сум подготвен да му речам `збогум` на фудбалот. Ме бараат, ќе видиме што ќе се случи летово“ изјавил Субашиќ за „Јутарњи лист“.

Минатата сезона беше без ангажман.

„Заврши циклусот по осум ипол години во Монако. Потоа едноставно се тргнав, од фудбалот, од медиумите, од се. Сега имам 36 години. Кога ќе ме види некој поранешен фудбалер ми викаат `Ти си луд`. Се уште сакам да играм, а здравјето диктира се. Сега трнирам индивидуално, а кога би дошол во нов клуб, веднаш би видел колку можам“ смета тој.

Субашиќ собра 44 настапи за „коцкастите“. Тој вели `сонот го исполнив`.

„Она што го доживеавме во Русији денес кога ќе погледнам се наежувам и солзи ми навираат. Не сакам да ги гледам мечевитее кои ќе ги загубам, така да ни до ден денес не го погледнав финалето“ вели голманот.

View this post on Instagram

A post shared by Danijel Subasic (@danijel.subasic)

> Субашиќ: Се уште сакам да бранам, ме бараат! <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите