Утрински Весник
Економија

Од полноќ бензинот поскапува а дизелот ќе се продава по намалени цени

Од полноќ бензинот поскапува а дизелот ќе се продава по намалени цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на Одлуката од 12.7.2021 година.

Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 2,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, велат од Регулаторна комисија.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.7.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 ден/кг и сега ќе изнесува 38,018 ден/кг.

Од 20.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,018 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,717 %, дизелот за 0,886 %, екстра лесното масло за 1,285 % и кај мазутот зголемувањето е за 1,197 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,123%, информираат од Регулаторна комисија.

Можете да прочитате

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата