Утрински Весник
Свет

Родители, припадници на секта ги изгладнувале и малтретирале своите деца, за да ги подготват за „судниот ден“

Родители, припадници на секта ги изгладнувале и малтретирале своите деца, за да ги подготват за „судниот ден“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Родители, припадници на религиозна секта во Италија кои верувале дека се ближи „Судниот ден“, ги малтретирале своите деца, пишуваат агенциите, откако полицијата објавила дека ги уапсила насилните родители.

Утврдено е дека родителите, таткото кој имал 51 година и мајката со 41 година, додека се подготвувале за крајот на светот, ги подложиле своите деца на екстремно насилство, удирајќи ги со нозете, рацете и сите предмети што им биле при рака во куќата.

Децата биле будени во три часот наутро и морале дури и најмладите, да работат напорно на поле, неколку дена по ред. Тие не смееле да пијат вода, додека нивните родители во исто време пиеле многу вода и се тоа со цел, според нивното верување, да го исчистат своето тело и душа пред „судниот ден“.

Секој отпор на децата се казнуваше со дополнително насилство, пишуваат медиумите.

Полицијата интервенираше откако една од ќерките побарала помош од институциите.

Децата се сместени во социјална установа, таткото е во затвор, а мајката е во домашен притвор со обврска секој ден да се јавува во полиција.

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“