Утрински Весник
Спорт

Наполи победи со 12:0, првиот гол го постигна Елмас

Наполи победи со 12:0, првиот гол го постигна Елмас
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Наполи со убедлива победа над нисколигашот Баса Анауниа, ги започнаа подготвките за новата сезона. Наполи славеа со 12:0, а првиот гол го постигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Новиот тренер на Наполи, Лучано Спалети, мечот го запона со најсилниот состав, во тимот ги немаше само играчите кои играа на Европското првенство: Ди Лоренцо, Инсиње, Мерет и Зјелински.

Наполи, во првото полувреме постигнаа седум гола, првиот го постигна Елмас, а четири гола во првите 45 минути постигна Осимен.

Фото/calcionapoli24.it

> Наполи победи со 12:0, првиот гол го постигна Елмас <

Можете да прочитате

Џејк Пол со скршена вилица по нокаут од Ентони Џошуа во Мајами

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028