Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевски: Рекордна исплата на финансиската поддршка за земјоделството и руралниот развој

(Видео) Георгиевски: Рекордна исплата на финансиската поддршка за земјоделството и руралниот развој

И во период на светска криза и пандемија продолжуваат развојните инвестиции во земјоделството, истакна на прес конференција, Гоце Георгиевски, Претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој информираше дека од почетокот на оваа година исплатени се речиси 4,4 милијарди денари или над 71,5 милиони евра финансиска поддршка на земјоделците.

„Преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година досега на земјоделците им се исплатени над ‪3.6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Исплатата е извршена кон сите, без калкулации, без списоци и без уцени кон земјоделците, како што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментов се жртви на ситни партиски интереси на опозицијата“, рече Георгиевски.

Според него, кочењето на ребалансот на буџетот ги одолговлекува проектираните исплати за субвенции, за инфраструктурни проекти и за проекти кои се од витално значење за производството на храна.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува синоним за нечесен однос кон земјоделците.

„Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите, кои се исплаќаат редовно, навремено и неселективно, а трудот на земјоделците се цени и вреднува“, напомена Георгиевски.

Можете да прочитате

Во април раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, намален кај горивата

Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година