Утрински Весник
Свет

Франција воведе задолжителен Ковид-тест за патници од неколку европски земји

Франција воведе задолжителен Ковид-тест за патници од неколку европски земји

Граѓаните на Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија кои сакаат да влезат во Франција ќе мора да направат негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 24 часа, објави француската влада.

Во соопштението на премиерот Жан Кастекс се вели дека мерката, која се однесува на невакцинираните патници, ќе стапи на сила на полноќ.

Тунис, Мозамбик, Куба и Индонезија се исто така на „црвената листа“.

Досега, Британците мораа да направат тест за Ковид-19 не постар од 48 часа, додека за Шпанците, Португалците, Кипарците, Грците и Холанѓаните, тој период беше 72 часа.

Франција бележи брз пораст на бројот на заболени од коронавирус.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија