Утрински Весник
Македонија

Параглајдерист од Швајцарија паднал во околината на прилепско

Параглајдерист од Швајцарија  паднал во околината на прилепско

41-годишен жител на Швајцарија се здобил со повреди при пад со параглајдер во околината на прилепско.

Полицијата соопшти дека вчера во 16.08 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош бил донесен со телесни повреди А.М.(41) од Швајцарија.

Тој бил со престој во Крушево, а паднал со параглајдер на местото викано „Рибник“, во атарот на с.Новоселани, прилепско.

Можете да прочитате

Грозданова: ХПВ вакцината штити од рак, а родителите сe уште се двоумат да ги вакцинираат 

Грозданова: Нема научни докази дека МРП вакцината предизвикува аутизам

Нови БСЖ вакцини пристигнуваат од друг производител – старите серии остануваат под забрана за употреба