Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) И натаму се шири пожарот кај Орегон, досега е опустошена област поголема од Њујорк

(Видео) И натаму се шири пожарот кај Орегон, досега е опустошена област поголема од Њујорк
300x250 opst2

Пожарoт во американска држава Орегон, кој неконтролирано се шири веќе една недела, ги принуди пожарникарите да се повлекуваат четврти ден по ред, што по неговиот обем го прави петти најголем пожар во земјата во последните 100 години, соопштија шумските работници во петокот.

Таканаречениот „бутлег пожар“, е еден од најголемите шумски пожари што го погодиле западниот дел на САД, при што пламените јазици проголтале повеќе од 241.000 хектари шума, односно уништена е област поголема од површината на Њујорк.

Иронично, густиот чад што се протега низ целиот регион може делумно да ги ублажи ефектите на топлотниот бран што се очекува викендов во тој регион, вклучително и делови од Монтана, Вајоминг, Јута и Колорадо.

Пожарот се прошири и низ Националната шума Фремонт-Винем откако изби на 6 јули, во област 400 километри јужно од Портланд. Причината сè уште се испитува.

Пожарот уништи најмалку 21 куќа и 54 други објекти, соопштија властите. Одделот за шумарство во Орегон во петокот информира дека се загрозени над 5.000 домови, околу 3.000 повеќе од претходниот ден.

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк