Утрински Весник
Спорт

ФИФА жестоко ја казни Специја

ФИФА жестоко ја казни Специја

ФИФА, во петокот, го казни фудбалскиот клуб Специја. ФИФА и забрани на Специја две години да има активности на трансфер пазарот. Специја ги прекршиле правилата за трансфер на млади фудбалери од Африка.

Забраната на ФИФА ќе трае до летото во 2023 година. Покрај суспензијата, Специја ќе мора да плати и казна од 500.000 швајцарски франци.

Клубот има право на жалба. Доколку побара случајот да биде ставен во мирување, до првото сослушување, тогаш до крајот на август ќе може да ангажира нови играчи.

Специја од февруари се наоѓа во сопственост на американскиот инвеститор, Роберт Платек.

> ФИФА жестоко ја казни Специја <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина