Утрински Весник
Македонија

За да не протекува вода во главното фоаје, МНТ со 1, 2 милион денари ќе го поправа платото

За да не протекува вода во главното фоаје, МНТ со 1, 2 милион денари ќе го поправа платото
Dik 300x250 mk

Македонскиот народен театар почна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот – Кон музејот на Холокаустот.

Од МНТ велат дека се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот.

Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје.

„Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го започнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од Ковид-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар“, велат од МНТ.

Средствата, во износ од 1.200.000,00 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура.

 

Можете да прочитате

Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието

Лишен од слобода скопјанец кој пукаше синоќа со пиштол во Чаир

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)