Утрински Весник
Свет

СЗО со предупредување до државите- да не ги укинуваат пребрзо мерките против Ковид-19

СЗО со предупредување до државите- да не ги укинуваат пребрзо мерките против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди државите да не ги укинуваат епидемиолошките мерки против коронавирусот премногу брзо, пренесоа агенциите.

„Употребата на маски, физичко растојание, хигиена на рацете и подобрена вентилација во затворен простор остануваат клучни за намалување на преносот на коронавирус“, изјавија од Комитетот на СЗО во Женева.

Во соопштението се додава дека спроведувањето на утврдените здравствени мерки мора да продолжи како одговор на одделни кластери, вклучително и следење на контакти, карантин и изолација, јавија агенциите.

Комитетот препорачал одржување на состојбата на меѓународна вонредна ситуација прогласена од СЗО на 30 јануари 2020 година.

Ова тело на СЗО се состанува приближно на секои три месеци за да ја процени ситуацијата. Ова беше осми состанок откако коронавирусот се појави во Кина.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата