Утрински Весник
Свет

(Видео) Бројот на загинати во поплавите во Германија се искачи на 42

(Видео) Бројот на загинати во поплавите во Германија се искачи на 42

Бројот на загинати во поплавите што погодија големи делови на западна Германија се искачи на 42, соопшти полицијата, пренесува „Франс прес“.

Овој број може да се зголеми со оглед на тоа што неколку десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Многу делови на западна Германија сè уште се отсечени од остатокот од светот по синоќешното силно невреме и обилните врнежи од дожд.

Најпогодена е областа Ајфел на границата со Белгија и Луксембург, каде синоќа беа забележани и поплави и излевања на реки.

Само во областа Ахрвејлер, над 100 станбени објекти се целосно уништени. Над 100 луѓе ја поминаа ноќта на покривите на своите домови, а некои сè уште чекаат да бидат евакуирани.

Локалните власти наведуваат дека земјата досега не доживеала ваква катастрофа.

Министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, ги наведе климатските промени како причина за сѐ почестите бури во Германија.

„Овие екстремни ситуации се резултат на климатските промени“, рече тој и додаде дека Германија мора да биде подобро подготвена за катастрофи од вакви размери.

Канцеларката, Ангела Меркел, која е во посета на Вашингтон, изрази сочувство до семејствата на загинатите.

„Шокирана сум од катастрофата што ја доживеаја толку многу луѓе во поплавените подрачја. Сочувствувам со семејствата на загинатите и исчезнатите“, рече Меркел.

Можете да прочитате

Турција испрати предлог за безбедни поморски рути за руските и украинските бродови

Путин: Земјите од ЗНД поддржуваат праведен мултиполарен светски поредок заснован на меѓународното право

Голем танкер за превоз на течен нафтен гас погоден и запален јужно од Ормуз