Утрински Весник
Македонија

На Кривичниот суд му недостасуваат 150 судии – поротници

На Кривичниот суд му недостасуваат 150 судии – поротници

Согласно одлуката на Судскиот совет, во Основниот кривичен суд Скопје предвидено е да постапуваат 200 судии – поротници, а во моментов активни се 54. Заради тоа Судот постојано апелира до надлежните органи за избор на нови судии – поротници, но и ги охабрува граѓаните  на поголем одзив на огласите за избор на поротници.

Поради констатиран недостаток на судии – поротници Кривичниот суд апелира и за разгледување на иницијативата на овој суд за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со што при промена на член на судечки совет, предметите нема да почнуваат од почеток туку на новиот член ќе му се даде време за запознавање со предметот, со што ќе се избегнат досегашните недостатоци и причини за повторување на постапките.

Од Судот појаснуваат дека судовите немаат правен механизам да ги обврзат судиите – поротници да постапуваат и по истек на нивниот мандат, навршување на старосната граница или доколку од лични причини одлучат да се откажат од функцијата.

„Судиите – поротници ја претставуваат – граѓанската одговорснот во судските процеси со оглед да нивната одлука може да биде пресудна во судските процеси. Заради тоа потребни се Законски измени и унапредување на правата, но и обврските на судиите – поротници“, велат од Судот.

Можете да прочитате

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Рекорден број на итни повици на 112, примени 4199 повици за еден ден