Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Судот ѝ дозволи на Бритни да избере свој адвокат, на повидок обвинение против таткото

Судот ѝ дозволи на Бритни да избере свој адвокат, на повидок обвинение против таткото
Dik 300x250 mk

Судија во Лос Анџелес реши да ѝ дозволи на американската поп-sвезда Бритни Спирс самата да ангажира свој адвокат во борбата за ставање крај на контроверзниот конзерваторски надзор.

Пресудата беше донесена во средата откако Спирс се обрати пред судот по втор пат за помалку од еден месец.

Спирс повторно побара нејзиниот татко Џејми Спирс да биде отстранет од правниот договор што ги контролира нејзините финансии и приватниот живот со години.

На суд минатиот месец, таа драматична побара да се стави крај на старателскиот мандат кој му овозможува на татко ѝ да носи одлуки за нејзиниот живот.

А во средата таа го повтори апелот во емотивна изјава, барајќи да биде покренато обвинение против нејзиниот татко за злоупотреба на правото на старателство.

“Сакам да поднесам обвинение. Лута сум”, рече Спирс, обраќајќи се на судот преку телефон на адвокат.

„Му дозволивте на татко ми да ми го уништи животот.“

„Морам да го запрам тоа и да го обвинам за злоупотреба на старателството“, рече таа.

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него