Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло време

Сончево и многу топло време

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен јужен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец и со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. В петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре

Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид