Утрински Весник
Свет

Пожар избувна во шума над Солун, го гаснеа три „канадери“ и 66 пожарникари

Пожар избувна во шума над Солун, го гаснеа три „канадери“ и 66 пожарникари

Шумски пожар, што избувна денескa на падините над Солун, е ставен под контрола и веќе нема активен фронт, објави противпожарната единица.

Пожарот стивнува, рекоа тие, додавајќи дека 66 пожарникари со 22 возила остануваат на самото место, а на располагање се и три „канадери“.

Пожарот што избувна околу 13 часот ги вознемири жителите на Солун.

„Имавме среќа што немаше ветер“, рече градоначалникот Константинос Зервас додавајќи дека надлежните служби веднаш реагирале, пренесува АНА.

Сопственикот на хотел во близина на пожарот рекол дека објектот е евакуиран до 14 часот, освен една соба и 12 вработени, но дека не е загрозен.

Во гаснењето на пожарот што избувна попладнево во шумата Шеик над Солун учествуваа три противпожарни авиони и два хеликоптера.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина