Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Неподвижни луѓе од беровско со трактори донесени за да се вакцинираат

Неподвижни луѓе од беровско со трактори донесени за да се вакцинираат
Img 7972

Неподвижни лица од селото Ратево, беровско, со трактори биле симнувани од нивните домови за да пристигнат до вакциналните места каде што се спроведува теренската вакцинација.

На фотографиите што ги објави министерот за здравство Венко Филипче може да се види неподвижна жена, седната во приколка од трактор, како ја прима вакцината против Ковид-19.

„Исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација и во непроодните места покажаа екипите на ЈЗУ ЗД Берово. Во село Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и вакцинирани. Теренската имунизација се спроведува плански и на тешко достапните места. Се што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните“, напиша Филипче на Фејсбук.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Тој е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.

Со последните бројки 56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Можете да прочитате

Скопјанец претепан од контролор на ЈСП

Димитријевиќ: 21 век е, а луѓето во Перо Чичо се уште газат кал и немаат вода – тоа мора да се смени

Приведен скопјанец кој физички ја нападнал партнерката и го одзел нивното бебе