Утрински Весник
Македонија

Од четврток прскање против комарци во Скопје

Од четврток прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена ќе се прска против комарци, според следниот план:

1. Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 15.07.2021 година (четврток) и на 16.07.2021 година (петок), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 18.07.2021 година (недела) до 22.07.2021 година (четврток), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал