Утрински Весник
Магазин

„Црната вдовица“ постави нов рекорд на пандемските киноблагајни во САД и Сингапур

„Црната вдовица“ постави нов рекорд на пандемските киноблагајни во САД и Сингапур

По долготрајната пауза, филмскиот универзум на „Марвел“ се враќа со доаѓањето на блокбастерот „Црна вдовица“ во кинослите и на стрминг-услугата Дизни плус, а фановите ја одбираат опцијата за големо платно, пренесуваат медиумите, додавајќи дека повеќето од нив одат во кино за да го гледаат.

Black Widow дебитираше во САД со највисока заработка на киноблагајните во услови на пандемија.

Дизни веќе објави дека првото соло излегување на Скарлет Јохансон како поранешна руска атентаторка која станува суперхероина, дебитираше изминатиов викенд со 218 милиони долари на глобално ниво. Филмот заработи приближно 80 милиони долари на американскиот боксофис, 78,8 милиони долари на меѓународниот боксофис и 60 милиони долари преку стриминг-услугата „Дизни плус“ (Disney + Premiere Access).

Ова ја прави „Црната вдовица“ најголемо отворање на боксофисот во САД од избувнувањето на Ковид-19 минатата година, претркувајќи ги Wonder Woman 1984 (Жена-чудо 1984) и неодамна, F9: The Fast Saga („Брзи и бесни 9“).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста