Утрински Весник
Македонија

Maлолетнички со мотор удриле во запрежно возило, двете се повредени

Maлолетнички со мотор удриле во запрежно возило, двете се повредени

Малолетно девојче, кое управувало мотор, а зад него седела уште една малолетна сопатничка, удрила во запрежно возило во Струмичко.

Несреќата се случила вчера кај селото Дрвош.

„Малолетничка, управувајќи мотоцикл ‘кавасаки’, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В. И. (74) од с. Дрвош. Во незгодата малолетната сопатничка од мотоциклот добила тешки телесни повреди, а телесни повреди добила малолетничката што го управувала мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари