Утрински Весник
Свет

Хрватска има 1,3 милиони неискористени дози вакцини

Хрватска има 1,3 милиони неискористени дози вакцини
Dik 300x250 mk

Премиерот Андреј Пленковиќ денеска повторно апелираше од хрватскиот парламент до граѓаните да се вакцинираат против коронавирус и рече дека Хрватска има 1,3 милиони неискористени дози вакцини.

„Секоја вакцинирана личност, секоја спречена инфекција денес, живот е спасен утре“, рече Пленковиќ.

Тој потсети дека во Хрватска до денес вакцинирани се нешто повеќе од 46% од возрасната популација и посочи дека без висока стапка на вакцинација, вирусот не може да се победи.

Пленковиќ рече дека владата преку мерки и поддршка ги зачувала работните места за време на пандемијата и дека сега влегува во нова фаза – создавање работни места, објавија хрватските медиуми.

Можете да прочитате

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета