Утрински Весник
Свет

Австријците сакаат да организираат вакцинација против коронавирус и на гробишта

Австријците сакаат да организираат вакцинација против коронавирус и на гробишта
Dik 300x250 mk

Министерството за социјални работи разгледува стратегии што би ги натерале Австријците на помасовна вакцинација против коронавирус наспроти интензивното ширење на делта-сојот, пренесуваат порталите.

Еден од предлозите, според нив е вакцинирање на гробишта под мотото „Имунизација наместо да лежите на ова место“.

Постои идеја исто така вакцинацијата да се спроведува во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да бидат имунизирани, како и да се отвори „Драјв тура“ за возачите на скутери и велосипедистите. Исто така, се разгледува и акција за вакцинација во општински згради, летни кина, на базен, на ридови.

Веќе подолго време има идеи вакцинацијата да се спроведува на места каде што има млади луѓе а кампањи да се спроведуваат и преку социјалните мрежи.

Во моментов се спроведува кампања за вакцинација на млади жени од странско потекло, со насочени реклами на јазиците на етничките заедници што живеат во Австрија, како и преку изјави на познати личности на мајчин јазик, пренесуваат тамошните гласила.

Можете да прочитате

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…