Утрински Весник
Свет

Големи пожари во Калифорнија – водата испарува пред да го допре тлото на земјата

Големи пожари во Калифорнија – водата испарува пред да го допре тлото на земјата
Dik 300x250 mk

Пожарите се шират низ западниот дел на САД, кој е под влијание на топлотниот бран со рекордни температури во некои области, а пожарникарите имаат проблем со гаснењето на пожарот од авион, бидејќи водата испарува пред да ја допре земјата поради големата топлина.

Властите наредија евакуација на населението од погодените области, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот под исклучително тешки услови.

Во саботата, двајца пожарникари во Аризона загинаа кога нивниот авион се урна при обид да го изгасне огнот. Во Лас Вегас беше постигнат температурен рекорд од 47,2 степени.

Противпожарните екипи кои се борат со пожарот велат дека воздухот е толку сув што водата испуштена од авионот за гаснење на огнот испарува пред да ја допре земјата.

Жешкиот топлотен бран се приближува до рекордните температури трет ден по ред, па така во неделата во пустината Долина на смртта во Калифорнија беа забележани 54 степени, што беше едно од најтоплите места на планетата.

Термометарот пред центарот на Фрнас Крик покажа 56,6 степени во неделата околу 16,00 часот по локално време, додека во саботата Националната метеоролошка служба на САД измери 54,4 степени.

Можете да прочитате

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари