Утрински Весник
Спорт

„Стерлинг и Грилиш мораа да преземат одговорност“

„Стерлинг и Грилиш мораа да преземат одговорност“

Рој Кин, некогашниот капитен на Манчестер јунајтед кој работи како аналитичар за телевизијата Скај спорт, ги најде „виновниците“, за поразот на Англија во финалето на Европското првенство.

Англија, по изведувањето на пенали беше поразена од Италија. Англичаните не успеаја да ги реализираат последните три пенали, Рашфорд погоди статива, а Донарума им ги одбрани ударите на Санчо и Сака.

„Ако сте Стерлинг или Грилиш, не можете едно дете (Сака) да пуштите да шутира пенал пред тоа вие да го направите. Едноставно не можете. Тој е срамежливо 19-годишно момче, тие двајца имаат многу повеќе искуство. Стерлинг освојува трофеи. Мораа да преземат одговорност“, рекол Кин.

> „Стерлинг и Грилиш мораа да преземат одговорност“ <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција