Утрински Весник
Свет

Судири меѓу полицијата и бандите во Каракас – 26 мртви и 38 повредени

Судири меѓу полицијата и бандите во Каракас – 26 мртви и 38 повредени

Најмалку 26 лица загинаа, меѓу кои четворица полицајци, а 38 се повредени во судирите меѓу полицијата и членовите на бандата во северозападниот дел на Каракас, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Венецуела, Кармен Мелендез.

Жестоките судири меѓу полицијата и бандите траеја неколку дена во тој дел од градот, каде што некои жители беа принудени да ги напуштат своите домови.

Акцијата на полицијата во градот погоден од криминал е обид да се потисне банда што се обидува да ја прошири својата територија.

Мелендез изјави дека во судирите биле ранети 10 полицајци и дека биле убиени 22 члена на бандата.

Таа рече дека 28 цивили се повредени, а неколку се убиени, иако не го прецизираше нивниот број.

Можете да прочитате

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма