Утрински Весник
Свет

Воз се излизга во реката Мура во Австрија, меѓу повредените има и деца

Воз се излизга во реката Мура во Австрија, меѓу повредените има и деца

Воз се илизга од шините во близина на Рамингштајн рано утрово, а во оваа несреќа се повредени 15 лица, јавија австириските медиуми. Според информации од итната медицинска помош, поради лизгање на возот, еден од вагоните завршил во реката Мура. Во возот имало 50 лица, од кои 45 деца.

Сите патници биле спасени од возот, а, како што велат во брзата помош, 15 лица се здобиле со полесни повреди.

Четири лица беа префрлени во блиските болници, информираат тамошните медиуми.

Австриските власти брзо реагираа на лизгањето на возот и испратија десетина амбулантни возила, два хеликоптери и голем број пожарникари и полиција на местото на настанот.

Бидејќи денес е последниот училишен ден пред летната пауза во овој дел на Австрија, во возот беа голем број деца, кои беа на пат кон своите училишта да ги земат своите свидетелства, пишуваат агенциите.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат