Утрински Весник
Свет

Бројот на гладни во светот зголемен за шест пати, 11 луѓе умираат од глад секоја минута

Бројот на гладни во светот зголемен за шест пати, 11 луѓе умираат од глад секоја минута

Секоја минута, 11 луѓе умираат од глад во светот, објави организацијата „Оксфам“.

„Вирусот на глад се шири“ велат од оваа организација и дополнуваат дека за разлика од минатата, оваа година бројот на гладни луѓе во светот е зголемен за шест пати.

Од „Оксфам“ изјавија дека во изминатата година, повеќе луѓе умреле од глад отколку од Ковид-19. Седум лица умираат за една минута како резултат на инфекција со коронавирус.

Претседателот на „Оксфам“, Аби Максман рече дека статистиката е застрашувачка, но мора да се земе предвид дека станува збор за луѓе кои страдаат и дека еден човек кој умира од глад е премногу.

Гладот ​​главно е предизвикан од воени конфликти во државите.

Максман додаде дека сега околу 155 милиони луѓе во светот живеат во неизвесност кога станува збор за храната.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат