Утрински Весник
Спорт

Конференциска лига: Шкупи со предност од два гола ќе патува на Косово

Конференциска лига: Шкупи со предност од два гола ќе патува на Косово

Скопскиот фудбалски прволигаш Шкупи вечерва славеше победа со 2-0 против косовски Лапи во Конференциската лига на УЕФА.

Тимот предводен од Гоце Седлоски имаше среќа затоа што противникот имаше неколку можности за постигнување погодок на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Почетните минути донесоа доминација на тимот од скопски Чаир, а резултатот беше отворен дури во 35 минута.

Дефанзивците на Лапи не ја отстранија опасноста пред својот гол, па Кире Маркоски откако го мина и противничкиот голман донесе предност од 1-0.

Во вториот дел фудбалрите од Косово беа поактивни, но без конкретна шанса за израмнување.

Во финишот на мечот Шкупи тргна по поубедлива победа, а планот беше успешен пред последниот судиски свиреж, во 94 минута.

По додавање на Алварез, Рватубаје со глава погоди за конечни 2-0.

Реваншот се игра на 15. јуни, а победникот од двомечот ќе игра против португалска Санта Клара.
Фото: FB – FC Shkupi

> Конференциска лига: Шкупи со предност од два гола ќе патува на Косово <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија