Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нов инспекциски надзор во „Пејпар Мил“ по пријава на граѓани

Нов инспекциски надзор во „Пејпар Мил“ по пријава на граѓани
Img 7972

Државниот инспекторат за животна средина вчера спроведе вонреден инспекциски надзор во „Пејпар Мил“, за да утврди зошто има видлив чад и повремен мирис од согорувањето на пелети од котелот, на што однеодамна се жалат граѓани што живеат во близина на фабриката. Во текот на надзорот се извршија и мерења на емисиите на прашина и штетни гасови од страна на акредитирана лабораторија, ангажирана од страна на Инспекторатот.

„ Со надзорот се утврди дека при вградувањето на новата опрема за автоматизација на системот за пречистување и одведување на отпадните гасови – се оштетени делови од вреќастиот филтер. Пред да се влошат состојбите, акредитираната лабораторија имаше утврдено дека емисиите на прашина, со помош на вреќастиот филтер, се во обем од 8 mg/m3 (што е далеку под дозволената гранична вредност). Инспекторатот даде рок од еден месец за доведување на емисиите во рамките на овие вредности.

Инспекторатот ја задолжил „Пејпар Мил“ да заврши со набавка на потребните делови за да се спречи загадувањето и поправка на целиот систем, вклучително и на новата автоматика за пречистување и одведување на гасовите. Во меѓувреме, како што се наведува, функционира водениот филтер (скрубер), а за добивање енергија се користи биомаса и плин.

Доколку со извршените мерења се утврдат надминувања на граничните вредности утврдени со дозволата, Инспекторатот ќе преземе дополнителни мерки.

Можете да прочитате

47-годишен Србин починал во Катланово

Нов случај во Скопје каде заталкан куршум оштети возило, овој пат во Кисела Вода во круг на фирма

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата