Утрински Весник
Свет

За две недели почнуваат Олимписките игри, а Токио воведе вонредна состојба

За две недели почнуваат Олимписките игри, а Токио воведе вонредна состојба

Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга одлучи да воведе вонредна состојба во Токио поради коронавирусот, објавено е само две недели пред почетокот на Олимписките игри. Привремената вонредна состојба ќе биде во сила од понеделник до 22 јули, соопшти владата.

Предвидено е Олимпијадата да се одржи од 23 јули до 8 август.

Причината за воведувањето на четвртата вонредна состојба во Токио е уште едно значително зголемување на бројот на заразени. Вонредната состојба, сепак, не е затворање со строг полициски час како во другите земји.

Иако граѓаните се повикани да останат дома, рестораните се отворени, но не смеат да служат алкохол, ниту да има караоке, а навечер треба да се затворат порано од вообичаеното.

Јапонија не доживеала експлозија на пандемијата, како што имаше во другите земји, но има повеќе од 810.000 заразени и 14.900 мртви, пишува „Ројтерс“.

Бавната вакцинација значи дека само една четвртина од популацијата примила барем една доза вакцина против Ковид-19.

Одлуката за воведување нова вонредна состојба во Токио доаѓа денеска кога во главниот град е објавена бројка од 896 новоинфицирани лица, што е скоро како во средината на мај.

На спонзорите на Олимпијадата им е кажано дека доколку јавноста не смее да влегува на стадионите, сите настани ќе се одржуваат без навивачи, што значи дека билетите на спонзорите нема да можат да се користат и тоа ќе биде нов удар врз буџетот на Олимписките игри.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури