Утрински Весник
Македонија

Притвор за дилер од Тетово​, се обидел да се ослободи од дрогата но бил совладан од полицијата

Притвор за дилер од Тетово​, се обидел да се ослободи од дрогата но бил совладан од полицијата

Основното јавно обвинитетслво Тетово поведе истражна постапка и до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против 33-годишен жител на с. Доброште, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај осомничениот на 6 јули 2021 година, при извршен претрес, овластени службени лица пронашле вкупно 4,71 грам наркотична дрога – кокаин.

Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба.

Осомничениот бил пресретнат од полициските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети.

Предлогот за притвор на обвинителството беше прифатен од Основниот суд Тетово, кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Спасовски: Апсолутна невистина е дека во 2021 се донесла одлука за градење бегалски камп – тоа требаше да биде Центарот за странци

Пијан радовишанец предизвика сообраќајка – 24info.mk

„Oсомничени полицајци се на слобода, го губиме трпението“ – порачаа родителите на загинатите во Пулс