Утрински Весник
Свет

Трамп ги тужи Фејсбук, Твитер и Гугл

Трамп ги тужи Фејсбук, Твитер и Гугл

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги тужи трите најголеми технолошки компании – Фејсбук, Твитер и Гугл – како и нивните извршни директори. Тoj тврди дека бил погрешно цензуриран од тие три фирми.

„ Барам запирање на тишината и запирање на црните списоци, протерувања и поништувања што сите добро ги знаете“, рече Трамп на прес-конференција во неговиот голф-центар во Њу Џерси. Тужбите беа поднесени во окружниот суд во Флорида.

Трамп беше суспендиран оваа година најголемите социјални мрежи, наведувајќи дека неговите најави се сериозно кршење на правилата. Фејсбук го казни со двегодишна забрана. Таа забрана го лишува Трамп од главниот медиум за обраќање до јавноста пред изборите во ноември 2022 година, кога неговата Републиканска партија ќе се бори за места во Конгресот.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца