Утрински Весник
Свет

(Видео)Четири лица повредени во напад со нож утрово во Атина

(Видео)Четири лица повредени во напад со нож утрово во Атина

Четири лица се повредени во напад со нож утрово во Атина. Грчката полиција го уапсила напаѓачот кој самиот им се предал, јавуваат грчките медиуми.

Нападот се случил во предградието на Атина, кога 54-годишен маж случајно започнал да прободува луѓе со нож пред продавница, при што повредил четири лица.

Повредените биле пренесени во болница по нападот, а на самото место сè уште се гледаат траги од крв, расфрлани шишиња и хартии. На повредените минувачи им помагале вработени во блискиот фризерски салон и минувачи.

По нападот, мажот отишол дома и повикал полиција, пренесуваат грчките портали.

„Дојдете, прободев луѓе, ќе се самоубијам“, наводно им кажал напаѓачот на полицајците.

Медиумите јавуваат дека полицијата упаднала во неговата куќа и го нашла како ги сече вените. По укажаната прва помош на лице место со цел да се запре крварењето, тој бил пренесен во болницата.

Според написите, напаѓачот бил наркоман со психолошки проблеми, кој избегал од психијатриската болница во Дафне во декември, каде се лекувал.

Можете да прочитате

Словенија испраќа два војника на Гренланд

11годипно дете во САД го убило татко му затоа што му го зел Нинтендото

Зошто Гренланд е дански? – 24info.mk