Утрински Весник
Магазин

Проектот на Ди Каприо за луксузен екорисорт во Белизе мирува со години по протестите

Проектот на Ди Каприо за луксузен екорисорт во Белизе мирува со години по протестите
Dik 300x250 mk

Откако го купи малиот остров Блекадор близу крајбрежјето на Белизе во 2005 година за 1,75 милиони долари, Леонардо ди Каприо планираше да го „промени светот“ со изградба на луксузен еко-резорт што требаше да се отвори во 2018 година.

Сепак, протестите и реакциите од локалното население во Белизе и рибарите ефективно ги закочија амбициозните планови на 46-годишниот оскаровец, кој планираше да гради на песочен појас од 104 акри со должина од 2,2 милји (околу 3,5 километри).

 

Демонстрантите се навредија од идејата на Леонардо за 116 плутачки вили изградени на платформа поддржана од столбови со вештачки гребени, сметајќи дека таквите градби би ги уништило рибниците.

Тие организираа кампања против изградба на луксузниот резорт.

„Идејата на Ди Каприо да го нарече овој проект еколошки е само терен за продажба,“ Ребека Арсео, претставник на локана туристичка компанија, изјави за „Сан“ во вторникот.

„Според мене, тој е целосен лицемер. Таканаречениот мува-риболов (фаќање риба со помош на кука направена да изгледа како мува или друг инсект) е огромна зделка во туристичката индустрија во Белизе. Одвратно е неговиот план да се нарекува зелен,“ рече тур-операторот.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив