Утрински Весник
Македонија

Бројот на заразени од делта-сојот се зголеми на 10 лица, постои можност за воведување нови мерки

Бројот на заразени од делта-сојот се зголеми на 10 лица, постои можност за воведување нови мерки

Бројот на заразени со делта-сојот во земјава се искачи на десет лица откако беше потврдено дека тој е присутен кај четворицата сомнителни за кои вчера соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Како што дознаваме, станува збор за свекор и за снаа, од кои свекорот е во потешка состојба и е поставен да дише на респиратор. Тие живееле во заедница и биле дојдени од странство, но нема докази дека вирусот го донеле однадвор. Останатите двајца се брачен бар, Американци, исто така дојдени од странство кои се веднаш хоспитализирани и нивната состојба е стабилна.

Во моментов епидемиолозите вршат проверки на нивните контакти. Здравствените власти потенцираат дека лицата заразени со индиската варијанта на коронавирусот не биле вакцинирани.

Министерот за здравство Филипче денеска повторно нагласи дека вакцинацијата е единствен начин за заштита од делта-сојот и дека во понеделник со Комисијата за заразни болести ќе се разгледува можноста за воведување нови рестриктивни мерки.

„Состојбата генерално е мирна, некаде нема ниту еден хоспитализиран во болниците во државата, а некаде дел од ковид центрите се целосно затворени. Со Комисијата со заразни болести во понеделник ќе се разгледува за потребата од нови рестриктивни мерки. Ова е ситуација која ни покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Погледнете ја Англија, индискиот сој е присутен, но има попуштање на мерките поради високиот процент на вакцинација“, изјави Филипче.

Тој додаде дека од понеделник, освен теренската вакцинација, ќе можат да се вакцинираат и децата над 12 години (со вакцината „Фајзер“), а граѓаните од понеделник ќе немаат потреба да закажуваат термини за вакцинација, туку директно ќе можат да одат на пунктовите и да примат вакцина.

Можете да прочитате

Возрасна жена во Куманово удрена од автомобил, возачот побегнал од местото

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Пијан тетовец ги нападнал сопругата и ќерката, полицијата го уапси