Утрински Весник
Магазин

„Џон Вик 4“ го враќа Ленс Редик како хотелски консиерж

„Џон Вик 4“ го враќа Ленс Редик како хотелски консиерж

Со започнувањето на продукцијата на „Џон Вик: Поглавје 4“, новото продлжение на сагата за еден од најопасните филмски убијци, познато лице се враќа во екипата, Ленс Редик.

58-годишниот актер го даде својот потпис за да ја репризира улогата на Шарон, мистериозниот рецепционер на хотелот Континентал, објави „Дедлајн“.

Редик му се придружува на повратникот Киану Ривс како насловен лик, заедно со Лоренс Фишбурн, повторувајќи ја улогата на кралот Бровери од последните два филма.

Третото продолжение на серијалот го врати главниот протагонист со уценета глава на 14 милиони долари. „Џон Вик 3“ продолжи каде што заврши минатиот пат – со Џон (Киану Ривс) кој има време од еден час да направи план за бегство откако ја изгуби заштитата од хотелот Континентал.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 14 Јули 2026 година

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина