ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, конструкции и невистини да се обидува да шири вознемиреност во јавноста, да прави штета на јавното здравје заради ситни политички поени, истакнуваат од владејачката СДСМ.
Според нив, лажни вести и срамни невистини се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен недостиг на вакцини, досега се аплицирани над 610.000 дози на вакцини, а дневно се вакцинираат по десетици илјади граѓани.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ниту еднаш не апелираа до граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не повикаа да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, ама затоа знаат секојдневно да шират лажни вести за да го минираат процесот на масовна имунизација, на штета на јавното здравје“, велат од СДСМ.
Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ, како партија ќе остане запаметена дека во време на пандемија, била на страната на вирусот, наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните.