Утрински Весник
Македонија

Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и приватните универзитети, најавија од МОН

Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и приватните универзитети, најавија од МОН

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи.

Оваа финансиска поддршка, како што соопштија од МОН, ќе стартува од октомври годинава, а студентите за да ги добијат средствата освен што треба да се државјани на Република Северна Македонија, треба да ги исполнуваат и следните услови: да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци, да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста, додаваат од ова министерство.

Можете да прочитате

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

МНОГУ ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Што ја чека Македонија во следните 10 дена?